24 одбојкари на списокот на селекторот Николиќ за ЕП 2021

283

Новиот селектор на македонската одбојкарска репрезентација, Душко Николиќ објави список од 24 играчи за подготовките за настап на Европското првенство. Собирот е закажан за во недела, повратници во составот се Марјан Урдов и Марко Јуниор Стошиќ.

По зваршувањето на подготвителниот дел во Маврово, македонскиот национален состав ќе ја почне фазата со одигрување пријателски натпревари, меѓу нив е традиционалниот турнир „Чајка“, како и во „Стожице“, прв ривал на Европското првенство и овој пат ќе ни биде Финска која сега ќе игра на домашен терен. Тој натпревар, можеби и клучен за нашите амбиции да играме осминафинале, е закажан на први септември, два дена потоа ќе се сретнеме со Холандија, на петти ќе ги одмериме силите со Турција, на шести ќе сервираме против Шпанија, а во последното коло на осми септември противник ќе ни биде великанот Русија.

Список македонски репрезентативци за подготовки за ЕП 2021

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Марко Јуниор Стошиќ, Ефтим Ричлиев
Коректори: Никола Ѓорѓиев, Стојче Арсов, Марјан Урдов
Примачи: Владо Милев, Александар Љафтов, Стојан Илиев, Васе Михаилов, Лука Костиќ
Блокери: Филип Маџунков, Ристо Николов, Иван Андонов, Славе Наков, Филип Савовски, Филип Лепидовски
Либера: Дарко Ангеловски, Филип Николовски

*** Резерви: Давид Стојанов (техничар), Михајло Мирасчиев (коректор/блокер), Тино Шулајковски (блокер), Блертон Бафтијари (примач)
***Костиќ, Савовски, Арсов и Лепидовски ќе се приклучат на подготовките по Балканијадата во Приштина за играчи до 20 години

ПретходноСтруга Т.Л. даде гол во 93. минута и со „реми“ се враќа од Летонија (ВИДЕО)
СледноСилекс на гости ќе „брка“ елиминација на Петрокуб (ВИДЕО)