Македонскиот интернационалец и репрезентативец Давид Бабунски својата кариера ја продолжува во Унгарија каде што станува дел од тимот на Дебрецин.
Амбициозниот клуб, летово се врати во најсилната конкуренција во Унгарија, сака да ги оствари своите амбиции, а во таа насока го ангажира нашиот офанзивец.
Бабунски има зад себе искуство во играње во Шпанија, Србија, Јапонија, Романија, како и Европско првенство до 21. година и допрва од него го очекуваме најдоброто во нашиот сениорски национален состав.