Силекс пред нов Европски предизвик

284

Има Силекс како клуб многу Европска историја зад себе. Особено по осамостојувањето на нашата држава кога Кратовци беа на врвот на мак фудбалот и кога освојуваа шампшионски титули, автоматски претставувајќи не на интернационална сцена.

Тие убави денови за Силекс се минато, а сега клубот ќе се обиде експресно да се врати во првата лига откако сезонава испадна.

Во меѓувреме, како освојувач на националниот куп ќе се обидат момците на Горазд Михаилов достојно да не претстават во квалификациите од Конференциската лига против Молдавскиот тим на Петроклуб.

„Ова е двомеч во кој ние треба да уживаме, да дадеме максимум, да се обидеме да постигнеме успех. Да останеме во Европа колку што можеме подолго, а потоа се знае. Експресно враќање во првата лига, онаму каде што му е и местото на Силекс„ – истакна Михаилов на вчерашната официјална прес конференција.

На пеколните денеска плус 40 степени во Скопје, Силекс ќе се обиде да го „изгори“ противникот од Молдавија, и на комплексот Петар Милошевски од 16:00 обезбеди поволен резултат за реваншот на гости.

 

ПретходноДавид Бабунски нов член на Дебрецин
СледноУЕФА отвори дисциплинска постапка против Англичаните