Неколку наши фудбалери денеска имаа свој придонес во Лигата на Конференции.
Така најголемиот го имаше Марко Симоновски кој со неговиот гол донесе победа на Дрита над Дечич со 2:1. Симоновски го даде вториот гол за Дрита.
Сараево, пак, не успеа да го совлада тимот на Милсами на гости, и одигра без голови. Крсте Велкоски во првиот дел не реализираше удар од белата точка за гостите.
Филип Глигоров и Егзон Белица играа за Партизани во победата од 5:2 над Сф. Георге од Молдавија.
Енис Фазлагиќ играше за Жилина во победата над Дила Гори од 5:1, а Дарко Мицевски со неговиот РФС беше изненаден од Клаксвик од Фарски Острови со 2:3. Зени Хусмани играше за Домжале во победата од 1:0 над Хесперанж од Луксембург.