Ја одбранија титулата: Тампа Беј е новиот (стар) НХЛ шампион!

188

Хокеарите на Тампа Беј се новите НХЛ шампиони, откако славеа над Монтреал по пет одиграни натпревари и вторпат по ред го освојуваат „Стенли Купот“.

Тампа Беј минатата година успеа да ја исчисти конкуренцијата во „меурот“ и да стане шампион во НХЛ, а оваа година само ја потврдија својата доминација.

Во решавачкиот петти натпревар, Тампа го победи Монтреал со 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше Рос Колтон во вториот период, по асистенција на Савар.

ПретходноСе огласи и Венгер: Немаше збор за пенал, ВАР го изневери судијата
СледноФедерер: Многу сум уморен, сега сакам да дремнам