Матео Беретини прв финалист на Вимблдон

355

Италијанскиот тенисер Матео Беретини е прв финалист на Вимблдон, откако денеска во полуфиналето го совлада полскиот тенисер Хуберт Хуркач со 3:1 (6:3, 6:0, 6:7, 6:4).

Беретини ќе го игра своето прво гренд-слем финале, а тој ќе биде трет италијански тенисер кој се пласираше во финале на грен-слем, а прв кој ќе се бори за титулата на Вимблдон.

Матео ја забележа 11 победа по ред на трева, откако пред почетокот на турнирот славеше на „Квинс“.

ПретходноНејмар бесен на својот народ пред финалето на Копа Америка: Носете се…
СледноВоска се засили и со Берат Исмаил