Ристо Николов е нов член на швајцарски Нафелс Волеј!

250

Осум швајцарски и уште четири странски играчи му пристапија на швајцарскиот одбојкарски клуб Нафелс. Меѓу новаците е и Ристо Николов, македонскиот репрезентативец кој досега настапуваше за Џио Струмица.

Швајцарците го опишаа Николов како големо засилување за тимот поради неговите 202 сантиметри и поради искуството.

„Одлучив да играм за Нафелс затоа што понудата беше сериозна. Освен тоа добив позитивни мислења за овој клуб, па одлучив да дојдам и да помогнам тимот да напредува па ако се пружи шанса да се освои и шампионатот“, изјави Николов.

Претходно овој 30-годишен среден блокер играше за Анагениси, Стеауа Букурешт, Студенти од Тирана, играше и за Рибница од Краљево.

ФОТО: ФБ/Ристо Николов

ПретходноКирјос се откажа од ОИ и објасни зошто нема да игра во Токио
СледноКрис Пол го мина Коби Брајант