+1
Македонија Ѓорче Петров има нов напаѓач, а тоа е либерискиот напаѓач Абу Камара. Се работи за 24-годишен фудбалер кој во Ѓорче доаѓа од редовите на косовскиот Дукаѓини од Клина. Претходно Камара играл за Рудар Велење од Црна Гора, косовски Фероникели и за неколку клубови во либерискиот шампионат.