Академија Пандев ги „потврди“ засилувањата од Бразил

820

Бразилскиот троец Нунес Сантос Каио Лукас, Силва Сена Дос Сандос Каио и Лемос Да Силва Матеус, се најновите засилувања на тимот на Академија Пандев.

Она што Спортмедиа го најави уште пред десетина дена, се остварува затоа што Струмичани ги потврдија трите засилувања од Јужна Америка.

Со ова, Академија Пандев добива сосема еден нов лик, затоа што тројца Бразилци во тимот сигурно дека ќе прават разлика одколку досега.

Струмичани следната сезона ќе настапат во диста видоизменет состав. Голем дел од стандардните играчи од типот на Серафимов, Миловановиќ, Крстовски веќе си заминаа, и најдоа интернационален ангажман, па на нивно место ете, Академија Пандев одлучи да донесе засилувања од Бразил.

 

ПретходноПознат судијата за финалето на ЕУРО
СледноЉафтов потпиша за Порто Робур Коста