Британската влада испрати порака до италијанските навивачи: Не доаѓајте во Лондон!

2710

Англија ќе игра в недела против Италија во финалето на ЕУРО 2020 на стадионот „Вембли“ во Лондон, на кое се очекува присуство на околу 60.000 луѓе, но меѓу нив ќе има малку Италијанци поради британските правила за задолжителен десетдневен карантин при влез во Велика Британија.

Грант Шапс, британскиот министер за сообраќај, апелираше до навивачите на италијанската селекција да не доаѓаат во Лондон.

Одговарајќи на новинарско прашање, што ќе им порача на италијанските навивачи, кои ќе се обидат да допатуваат во Лондон за финалето на ЕУРО2020, Шапс рече „Немојте, е одговорот на тоа едноставно прашање“.

ПретходноПретседателот на ОФМ му врати на Матијашевиќ: Продолживте да манипулирате и да изнесувате невистини
СледноИграше против Македонија на ЕУРО, а сега му се заканува затвор!