ВРЕМЕПЛОВ: Киелини „крваво“ го заврши првиот меч против Англија на „Вембли“

423

Во недела Италија ќе се соочи со Англија во борба за европскиот пехар. Мечот се игра на „Вембли“ во Лондон што значи дека англискиот национален тим ќе има огромна поддршка на овој меч, за разлика од Италијанците кои ќе немаат многу свои симпатизери.

Џорџо Киелини е еден од оние фудбалери кои ќе настапи во финалето, а е столб во одбраната на „Аѕурите“. Од оние играчи кои се во двата состави, само тој играше на отворањето на новиот „Вембли“ во 2007 година.

Тогаш Киелини беше дел од младинската репрезентација на Италија која одигра пријателски меч со соодветната селекција на Англија. Тој натпревар заврши со резултат 3:3, а Киелини имаше незгода затоа што му ја дупнаа главата. Тој одби да излезе од игра, побара од лекарите да му ја сошијат дупката и да му ја преврзат главата и се врати на теренот.

Ја носеше капитенската лената, играше до 62 минута кога беше заменет од Кришито.

Трите гола за Италијанците ги постигна Пацини, а за Англичаните стрелаа Ратлиџ, Бентли и Дербишир.

Од сите играчи кои беа на теренот таа вечер, само Киелини се уште игра за националниот тим и во недела повторно ќе го гледаме на Вембли.

Да додадеме дека Стјуард Пирс тогаш беше селектор на младата англиска репрезентација, а сега е на сениорите. И тој се сеќава на тој натпревар кој се одигра пред 57.000 гледачи.

 

ПретходноТалентот на Рапид Виена се сели во Барселона
СледноМонца вели, стопиран е трансферот на Лука Станковски