Гачевски од Кипар во Турција: Кочаелиспор преговара со екс-голманот на Вардар

789

Новиот турски второлигаш Кочаелиспор е во преговори со поранешниот голман на Вардар, Филип Гачевски. Како што објавија вечерва турските медиуми, Кочаелиспор продолжува со напорите за реализација на трансферот на 30-годишниот македонски голман.

Според информациите, Кочаелиспор влегува како втор кандидат за потписот на Гачевски, откако претходно за него била заинтересирана и Бурсаспор, но овој тим поради забраната за трансфери нема да може да го потпише Гачевски.

ПретходноФјури е позитивен на Ковид-19, битката со Вајлдер ќе се одложи!
СледноЛани за него бараа 100 милиони евра, сега го продаваат за една третина од цената