Поранешниот македонски репрезентативец Златко Мојсовски и идната сезона ќе го носи дресот на РК Бутел. 39-годишниот крилен ракометар одлучи да го продолжи договорот на уште една сезона што за него ќе биде четврта во редовите на скопскиот тим.
„Задоволен сум што го продолжив договорот со Бутел Скопје и што понатаму ќе го носам дресот на оваа амбициозна екипа. За следната сезона имаме респектибилен ростер и едвај го чекам стартот. Се надевам ќе бидеме уште подобри од претходните сезони и ќе оствариме голем успех“, вели Мојсоски.
Претходно Бутел Скопје ги продолжи договорите со Димитар Ѓоргиевски, Мирко Мајиќ, Томче Стојановски, Бојан Блажески, Кристијан Василевски, Владимир Јевтиќ и Јовица Младеновски, а нови засилувања за тимот се Саша Пулјизовиќ, Градимир Чаневски, Кристијан Давитковски, Денис Тот, како и младите Иван Андревски и Филип Фидановски.