Играше против Македонија на ЕУРО, а сега му се заканува затвор!

905

Внукот на холандскиот фудбалер Квинси Промес, го пријавил играчот дека го нападнал со нож, со што холандскиот репрезентативец минал неколку дена во притвор.

Промес беше дел од холандската репрезентација на ЕУРО, а против Македонија влезе од клупата за резерви.

Случајот е регистриран во јули минатата година кога го нападнал внукот на една семејна забава и тоа со нож. Сега му се заканува затвор од четири години.

Причината наводно била откако Промес дознал дека внукот извршил кражба врз еден член на семејството, со што Квинси се решил да ја земе правдата во своите раце. Веројатно во алкохолизирана состојба.

Внукот го пријавил неколку месеци подоцна. Квинси ги отфрлил сите обвиниенија, но сега ќе мора на суд да ја докажува вистината. Државното обвинителство ги земало работите под своја контрола, па наскоро треба да почне процесот.

Промес игра во Спартак Москва и има 29 години.

ПретходноБританската влада испрати порака до италијанските навивачи: Не доаѓајте во Лондон!
СледноУште едно откажување од репрезентативниот дрес – по само три години се прости од Русија