Калин и повреден лавовски се бореше но загуби од фаворитот Џонс

1250

Македонската тениска надеж ги заврши настапите на јуниорскиот Вимблдон. Поради повреда не можеше да одговори со сиот капацитет против домашниот тенисер Џек Пинингтон Џонс и го загуби мечот со 2-0 во сетови.

Во првиот сет Ивановски имаше контрола, се до водството од 5:4, а потоа му дозволи на противникот да сврти и да го добие со 7:5.

Во вториот сет британскиот тенисер водеше со 3:0 кога се повреди Ивановски. По неколку минути лекарска помош, Ивановски реши да не го предаде мечот туку достоинствено да го заврши – на теренот.

Се обиде колку што може да парира се обидуваше да не мисли на болките, меѓутоа не можеше да му парира на фаворитот. На Пинингтон Џонс му беше лесно и го заврши сетот со максимални 6:0.

Сепак, за Ивановски ова е огромен успех. Влезе како аутсајдер, а пројде два ривали и стигна до осминафиналето на престижниот Грен слем турнир. Тоа е најголемиот успех на некој македонски тенисер на Вимблдон.

ПретходноАбу Камара e нов напаѓач на Македонија ЃП
СледноЗлатко Мојсовски уште една година во РК Бутел