Австралискиот тенисер Ник Кирјос потврди дека нема да учествува на Олимписките игри во Токио кои почнуваат на 23. јули.
Неговиот настап беше ставен под знак прашалник откако се откажа од Вимблдон поради повреда.
Тој требаше да ја претставува Австралија со уште десет тенисери, но се пожали на мерките за карантин што ги наметнаа јапонските власти, даде до знаење дека не сака да настапи доколку нема публика.
“Идејата за играње на празен терен не ми одговара. Тоа никогаш не беше случај”, рече 60-тиот тенисер на светот и продолжи:
“Не би сакал да му ја одземам можноста на некој австралиски тенисер со добро здравје да ја претставува својата земја. Мојот сон беше да ја претставувам Австралија на Олимписките игри и знам дека е можно никогаш повеќе да не ја имам таа шанса, но јас се познавам себе си”.
Организаторите на ОИ во Токио и тамошните власти објавија дека нема да има публика, а учеството веќе го откажаа Рафаел Надал, Доминик Тим…
Olympics. pic.twitter.com/ydj1V7jh2t
— Nicholas Kyrgios (@NickKyrgios) July 8, 2021
ФОТО: twitter/NickKyrgios