Крис Пол го мина Коби Брајант

210

Крис Пол и Феникс се најдоа на две победи до прват историска титула на овој клуб во НБА-лигата, откако го добија и вториот финален меч против Милвоки, славеа со 118-108.

Пол беше еден од најдобрите во своите редови, постигна 23 поени и подели осум асистенции. На оваа средба тој влезе во Топ 10 асистенти на вечната листа, го мина легендарниот Коби Брајант.

Тој сега има 1.041 асистенција, една повеќе од Коби. Следен на листата кого сигурно ќе го мине е Скоти Пипен, потребни му се девет асистенции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NBA (@nba)

ПретходноРисто Николов е нов член на швајцарски Нафелс Волеј!
СледноАбу Камара e нов напаѓач на Македонија ЃП