Торино е подготвен да ги разгледа сите понуди кои летово ќе пристигнат за нивниот напаѓач Андреа Белоти. Како што објави „Калчомеркато“, цената на италијанскиот репрезентативец вртоглаво паѓа, па Торино сега сам ќе мора да инсистира на негова продажба за да заработи што е можно повеќе, со оглед на тоа што Белоти нема намера уште долго да се задржи во нивниот дрес.
Претседателот на Торино, Урбано Каиро, пред само една година бараше 100 милиони евра за продажба на Белоти, а сега би бил задоволен и со една третина од оваа цена. Според извор од клубот, Урбано поставил цена од 35 милиони евра за слободата на голгетерот.