Во втората официјална проверка од подготвителниот период, нашата машка јуниорска селекција загуби од младинската на Украина со 87:61.
Доиста ефикасната прва четвртина заврши со егал скор (23:23) а работите не се променија многу ниту во втората.
Сите стартери (Петков, Митревски, Хот, Наков и Атанасов) кои на теренот ги извади селекторот Никола Василев успеаја да дојдат до поени, а од резервистите свој придонес во првото полувреме имаа Ѓорѓевиќ и Василевски.
Не играше македонската селекција добро во третата четвртина, особено во нападот. За нецели седум минути нашите јуниори реализираа само осум поени, противникот дури десет повеќе. И по таа серија од (18-8), Украина „побегна“ на двоцифрени (53:42), како што беше во 27.минута од „контролата“ во СРЦ „Кале“.
Со минус десет (46:56) влеговме во последната делница од мечот, а Митревски беше првиот кој дојде до десет реализации во нашата селекција.
Постарите, поискусните Украинци подобро го одиграа и последниот период. Серијата од (12-0) ги донесе и до (68:46), како најава за тримф на овој пријателски натпревар, за нив последен на турнирскиот дел во кој беа опфатени и нашата младинска селекција, бугарската, како и комбинираниот американски состав од универзитетски кошаркари под името „Атлети во акција“.