Матераци: Англиските фудбалери се исплашени, а тоа Италија мора да го искористи

183

Поранешниот италијански репреентативец Марко Матераци вели дека Англичаните се под голем притисок и се исплашени од Италијанците и се надева дека Чиро Имобиле ќе постигне гол во финалето во недела на „Вембли“.

Матераци, светски шампион со Италија од 2006 година, го коментираше претстојното финале помеѓу Англија и Италија во недела.

Да потсетиме на СП 2006 година Италија го совлада домаќинот Германија во полуфиналето, а потоа во финалето беа подобри од Французите и го освоија пехарот. Тој направи споредба.

Англија игра дома исто како Германците на СП 2006 година. Се сеќавам на фаците на германските фудбалери во тунелот. Беа бели како нивните дресови. Им кажав да соиграчите: ’Погледнете ги само, тие ептен се исплашени’. Имавме човек кој преведуваше се што тие ќе зборуваа на теренот и знаеме дека играа под голем притисок.

Пред некој ден ги видов фаците на англиските играчи по голот на Данска и Роберто Манчини треба да им го покаже тоа на своите фудбалери. Во недела се надевам дека Чиро Имобиле ќе го запише своето име во листата на стрелци“, вели Матераци.

 

ПретходноФК Охрид задржа двајца важни играчи
СледноКуманово 2009 и ТФТ се пријавија за ФИБА Еврокуп