МОК ги потврди сите патници: Пливачот Дерковски ја комплетира македонската делегација на ЛОИ 2020!

329

Македонскиот олимписки комитет попладнево и официјално го потврди последниот македонски спортист кој ќе ја сочинува македонската делегација на Летните олимписки игри во Токио.

Како што објавија од МОК, последниот осми патник за Токио ќе биде пливачот Филип Дерковски.

„ФИНА официјално го извести МОК и го потврди Филип Дерковски за учесник на Олимписките игри ТОКИО 2020. Филип, од се срце ти честитаме и ти посакуваме успешен настап на Олимписките игри во ТОКИО! Со тебе сме! За спортистите!!!“, напишаа од МОК.

ПретходноУЕФА ја казни Унгарија со два меча на домашен терен пред празни трибини
СледноАнгличаните решиле премијата од Еуро 2020 да ја донираат во хуманитарни цели