Монца вели, стопиран е трансферот на Лука Станковски

3421

Македонскиот младински репрезентативец и член на тимот на Работнички во моментов, Лука Станковски ќе мора да почека на интернационален трансфер иако јавноста веќе знае дека се беше договорено за негова преселба во Италијанскиот второлигаш Монца.

Оттаму пак во моментов пристигнуваат информации дека засега трансферот е стопиран поради фактот што не е комплетирана документацијата односно Станковски засега нема ЕУ пасош. Медиумите блиску до клубот денеска ја објавија оваа вест, со дополнение дека засега трансферот е ставен во мирување до моментот на промена на ситуацијата со документите на Станковски.

Само за потсетување, Станковски одигра одлична сезона, се профилираше како најдобар млад играч во лигата, и беше само прашање на време кога ќе биде испратен односно откупен од некој клуб во странство.

 

Calciomercato Monza, è fatta per un centrocampista straniero (ma per ora non può arrivare)

ПретходноВРЕМЕПЛОВ: Киелини „крваво“ го заврши првиот меч против Англија на „Вембли“
СледноПромени во Саса, пристигнаа Чичевски, Нешовски и Ѓоргиев, замина Иванов