Жозе Мурињо уште на првата прес-конференција како тренер на Рома направи шоу и докажа зошто е „Посебен“.
Додека еден од новинарите му поставуваше прашање, португалскиот стручњак ја подигна раката и го прекина, а потоа стана. Мурињо отиде до прозорецот и го тргна платното кое беше поставено, едноставно му сметаше. Се врати на своето место и продолжи како ништо да не се случило.