Нов проблем за Бајиќ пред стартот на подготовките

464

Претквалификациите за место во квалификациите за СП 2023 година стануваат сложени. Иако Македонија доби одлична група, ќе игра против Швајцарија и Словачка, сепак би можела да се најде во тешка ситуација.

По откажувањето на браќата Војдан и Дамјан Стојановски, селекторот Драган Бајиќ се соочува со нов проблем. Виси и Стојан Ѓуроски. Македонскиот репрезентативец лечи стара повреда, тој ќе го пропушти стартот на подготовките, но засега останува непознато дали на време ќе се рехабилитира.

Бајиќ првиот собир го закажа за во понеделник, викендов ќе ги тестира младите сили, па ќе го скрои поширокиот список на кошаркари со кои ќе работи во подготовките.

 

ПретходноРома и Мурињо влегоа во трка за Алиоски
СледноСимеоне продолжи со Атлетико и останува најплатен тренер во светот