Холандскиот арбитар Бјорн Куиперс ќе ја дели правдата на финалето од ЕУРО в недела во кое се среќаваат Англија и Италија.
Тоа е еден од најдобрите судии во моментов во светот, а интересно е што е и воедно и најбогат. Неговото портфолио вели дека „тежи“ 13.5 милиони евра, затоа што е сопственик на ланецот супермаркети, „Џамбо Куиперс“. ж
Интересно е да се напомене дека Куиперс беше судија и на натпреварот од Мундијалот во Бразил во 2014 година токму помеѓу Англија и Италија, меч кој „Азурите“ го добија со 2:1.