Рома и Мурињо влегоа во трка за Алиоски

1104

Езџијан Алиоски дефинитивно е број еден македонски фудбалер во овој трансфер период. По официјалната разделба со Лидс, бројот на понудите „скокна“.

Покрај турските Галатасарај, Фенербахче и Трабзон за услугите на Алиоски е заинтересиран, Жозе Мурињо. Португалскиот стручњак на стартот на подготовките остана без Леонардо Спинацола, па во моментов Рома бара замена.

Според италијанските медиуми веќе е стапен контакт со менаџерот на Алиоски, кој пак исто така има понуда и од Наполи.

Останува да видиме дали Алиоски ќе биде вториот Македонец кој ќе соработува со Мурињо по Горан Пандев.

ПретходноЈоаким Лев пред изненадувачки ангажман
СледноНов проблем за Бајиќ пред стартот на подготовките