Досегашниот играч на тимот на Рапид Виена, 18. годишниот Јусуф Демир заминува во екипата на Барселона. Мега трансферот за младиот играч оретставува награда за досегашните игри во дресот на Рапид. Тој е дел од првиот тим веќе две години, настапи и за репрезентацијата на Австрија, со што стана еден од најмладите дебитанти.
Демир заминува во Барселона како позајмен фудбалер во моментов, „Каталонците“ плаќаат половина милион за тоа, а доколку по една година се одлучат да го откупат, тоа ќе чини 10 милиони евра.
Барселона во моментов се наоѓа во сериозна финансиска криза, и веројатно периодов ќе гледаме многу повеќе вакви трансфер потези одколку мега звезди во клубот.