УЕФА ја казни Унгарија со два меча на домашен терен пред празни трибини

239

Фудбалската репрезентацијата на Унгарија ќе одигра два натпревари на домашен терен без публика поради дискриминаторско однесување на навивачите на тимот за време на Еуро 2020, објави УЕФА.

Одлуката на дисциплинската комисија е донесена по натпреварите од групната фаза на Еуро 2020 со репрезентациите на Португалија, Франција и Германија. Казната се однесува и на трет натпревар, но сепак е условена со пробен период од две години. Исто така, Унгарската фудбалска федерација беше казнета со 100.000 евра, а ќе мора да постави транспарент со зборовите #EqualGame и лого на УЕФА.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја откажа посетата на натпреварот од 3. коло од групната фаза на Европското првенство Германија – Унгарија.

ПретходноИсторија: Земјата која победила на Евровизија, никогаш не освоила и Европско првенство!
СледноМОК ги потврди сите патници: Пливачот Дерковски ја комплетира македонската делегација на ЛОИ 2020!