Уште еден фудбалер се урна на теренот поради проблеми со срцето

938

Кхума Бабакар, италијанскиот фудбалер на Сасуоло кој е на позајмица во Аланиаспор, се урна за време на тренинг.

Благодарение на брзата реакција на лекарот, Бабакар е надвор од животна опасност. Првите прегледи во болницата откриле дека причината за колапсот е срцето. Сенегалецот доживеал грч на срцевиот мускул, но сега сè е во ред.

“Би сакал да им кажан на семтоејство, пријателите и  фановите дека сум добро. Ви благодарам за поддршката”, напиша напаѓачот на Инстаграм споделувајќи фотографија од болница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Babacar Khouma (@el.kuma_30)

Во последно време во светот на фудбалот сме сведоци на бројни вакви случаи, еден од нив се случи на ЕУРО и тоа во првото коло кога Кристијан Ериксен се урна на теренот, лекарите едвај го вратија во живот, проблем беше неговото срце.

ПретходноФеникс на пола пат до историја (ВИДЕО)
СледноМурињо шоу во Рим, новинарите останаа во чудо (ВИДЕО)