Уште едно откажување од репрезентативниот дрес – по само три години се прости од Русија

351

Серијата на откажувања од репрезентативниот дрес после ЕУРО 2020 продолжува. Најновиот на таа листа е Марио Фернандес, кој што после само три години играње за Русија, се реши да стави крај на репрезентативната кариера.

Бразилецот Фернандес (30) е играч на ЦСКА Москва од 2012 година, а од 2017 година почна да игра за Русија, откако доби пасош.

Тој одигра само 32 меча за Русија, игра на позицијата десен бек. На ова ЕУРО доживеа тешка повреда на дуелот со Финска, кога го напушти теренот, со што беше негов последен настап за националниот тим.

ПретходноИграше против Македонија на ЕУРО, а сега му се заканува затвор!
СледноМакедонските јуниори поразени од Украина