Феникс на пола пат до историја (ВИДЕО)

380

Кошаркарите на Феникс поведоа со 2-0 во финалната серија во НБА-лигата против Милвоки и се најдоа на пола пат до првата историската титулата во најсилното светско клупско натпреварување.

Санси го одбранија домашниот терен, го совладаа Милвоки со убедливи 118-108, сега имаат убава предност во продолжение на финалната битка.

Домашниот тим мечот го реши во втората четвртина благодарение на добрата игра во одбраната, откако Милвоки имаше минимална предност по првата четвртина (29-26). Кошаркарите на Феникс во следниот период им дозволија да постигнат само 16 поени, додека реализираа 30 поени.

Во продолжението беше +15, и секогаш кога Бакси се обидуваа да ја намалат негативата, Девин Букер и Крис Пол имаа одговор.

Букер повторно беше најефикасен, натпреварот го заврши со 31 поен (15/25 од игра, 7/12 тројки), со пет скока и шест асистенции. Интересно е што за 44 минути тој не шутираше ниту едно слободно фрлање на паркетот.

Го следеше Бриџис со 27 поени и седум фатени топки, додека споменатиот Пол имаше 23 поени и осум успешни додавања. На другата страна Јанис Адетокумбо постигна 42 поени, имаше 12 скока.

Серијата се сели во Милвоки, се игра недела кон понеделник.

ПретходноМурињо „пречкрта“ неколку звучни имиња од подготовките
СледноУште еден фудбалер се урна на теренот поради проблеми со срцето