ФК Охрид задржа двајца важни играчи

365

Фудбалскиот клуб Охрид продолжува да работи на ростерот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Охриѓани задржаа двајца фудбалери кои минатата сезона беа многу важни за екипата.

Дресот и во иднина ќе го носат капитенот Ромео Кочоски, како и заменик-капитенот Александар Бакулески. Претходно, охриѓани ги договорија, Сашо Шопоски, Мурат Адили и Игор Клечкароски, а се обновија и договорите со Ајрадин Цуцули и Љупчо Трпески.

 

ПретходноЗлатко Мојсовски уште една година во РК Бутел
СледноМатераци: Англиските фудбалери се исплашени, а тоа Италија мора да го искористи