Новинарот на ЕСПН, Мајк Копингер, уште вчера алармираше дека некој од тимот на Тајсон Фјури бил позитивен на Ковид-19. Деонтеј Вајлдер го игнорираше тоа и нивниот тренер Малик Скот коментираше дека тоа е трик за да ги направи нервозни.
Сепак, денеска е потврдено дека во таборот на Фјури има позитивен на Ковид-19. И тоа не е било кој, туку самиот Фјури е позитивен и има симптоми кои не му даваат да тренира.
Фјури не објави дали е вакциниран, но менаџерот на Вајлдер, Шели Финкел, експлодира, обвинувајќи го Фјури дека сигурно не ги зел двете дози на „Фајзер“, како што се договорија двата тима.
Според новинарот Дан Рафаел, позитивен тест имаа и братучедот и помошник тренер на Фјури, Енди Ли.
Борбата за светска титула во тешка категорија, која беше закажана за 24 јули, ќе биде одложена.