Чеферин призна: Ова ЕП не беше фер, никогаш повеќе ваков концепт!

2019

Првиот човек на УЕФА Александар Чеферин не е задоволен како изгледаше ЕУРО 2020, со оглед дека се играше по целиот континент. И како што најави првиот човек на европската куќа на фудбалот, повеќе нема да се повтори.

Чеферин кажа дека концептот шампионатот да се игра во 12 градови низ цела Европа, е целосно промашување, а донесе фрустрации за некои репрезентации кои мораа да патуваат повеќе, за разлика од некои (Англија) која само „тркна“ до Рим, и сите мечеви ги одигра на Вембли.

„Ако се прашувам, во иднина нема да поддржам ваков концепт. Мислам дека е премногу напорен, некоректен кон некои репрезентации кои мораа да патуваат и по 10 илјади километри, а други минаа само 1000“, рече Чеферин. 

Тој додаде дека и за навивачите било мака.

„Не е фер ниту кон навивачите. Некои мораa да бидат во Рим, па после неколку дена во Баку, до каде се лета пет часа. Така што претежок е овој концепт. Интересен како идеја, но мислам дека вакво ЕП веќе нема да гледаме“, рече Словенецот. 

ПретходноАугзбург го доведе репрезентативецот на Германија
СледноНејмар бесен на својот народ пред финалето на Копа Америка: Носете се…