Светскиот рекет бр. 1, Новак Ѓоковиќ повторно обезбеди финале на Вимблдон. Најдобриот тенисер на светот во полуфиналето го победи младиот Канаѓанец Денис Шаповалов со 7:6 (3), 7:5, 7:5 и по трeтпат едноподруго ќе игра на завршниот меч на еден од најпрестижните светски тениски турнири.
За Србинот ова ќе биде и седмо финале на Вимблдон, а 30-то финале на Грен Слем турнирите. За Ѓоковиќ триумфот над Шаповалов беше 20-ти во низа на терените на „Сеанглискиот клуб“.
Противник на Новак во големото финале в недела ќе му биде Италијанецот Матео Беретини.
#Wimbledon title No.6 is in reach.
Defending champion @DjokerNole is into his seventh final at The Championships with a straight sets victory over Denis Shapovalov pic.twitter.com/QpyX7Ho0eZ
— Wimbledon (@Wimbledon) July 9, 2021