Германскиот стручњак, Јоаким Лев ја напушти клупата на националниот тим на оваа земја по елиминацијата на Европското првенство.
Германскиот стручњак, Јоаким Лев ја напушти клупата на националниот тим на оваа земја по елиминацијата на Европското првенство.
Германија беше еден од главните фаворити за освојување на медал, но својот настап го заврши во осминафиналето, беше совладана од Англија со 2-0.
Откако „панцирите“ не ја исполнија целта беше јасно дека Јоаким Лев нема да остане на клупата на оваа репрезентација и покрај тоа што има договор до 2022 година.
Лев со федерацијата спогодбено ја раскинаа соработката, на негово место дојде Ханси Флик.
Германскиот стратег на клупата на Германија беше 17 години, прво како помошник, а потоа во 2006 година како главен тренер.
Иако после овој долг период се очекуваше да се проба како предводник на еден фудбалски тим, сепак се чини тоа нема да се случи. Лев одново ќе биде селектор, но на Русија. „Билд“ објави дека е главен кандидат да ја превземе главната „палка“.