Англичаните решиле премијата од Еуро 2020 да ја донираат во хуманитарни цели

247
0

Фудбалерите на Англија имаат намера да донираат дел од паричната награда по Еуро 2020 во добротворни цели.

Победата на Англија во финалето ќе и донесе на Англиската фудбалска асоцијација (ФА) околу 24 милиони фунти, од кои околу 9,5 милиони ќе одат кај играчите.

Во случај на пораз, ФА ќе добие 2,6 милиони фунти помалку, но тоа нема да влијае на наградата за играчите. Фудбалерите веќе се договориле да донираат значителен дел од своите парични награди на Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS).

Донацијата ќе се изврши по завршувањето на турнирот. Планот за трансфер ќе се дискутира подоцна поради даночни проблеми.

ПретходноМОК ги потврди сите патници: Пливачот Дерковски ја комплетира македонската делегација на ЛОИ 2020!
СледноФјури е позитивен на Ковид-19, битката со Вајлдер ќе се одложи!