Македонските интернационалци и воедно кошаркарски репрезентатици Џејкоб Вајли односно Ненад Димитријевиќ ќе играат еден против друг во групната фаза од Еврокупот следната сезона.
НА денешната ждрепка нивните Валенсија односно Будуќност беа извлечени во иста група, а тоа значи два меѓусебни дуели.
Група А: Андора, Локомотив Кубан, Хувентуд, Партизан, Лиеткабелис, Тренто, Метрополитанс 92, Анкара, Хамбург Тауерс, Сласк Вроцлав.
Група Б: Валенсија, Прометеас, Гран Канарија, Будуќност, Виртус, Цедевита Олимпија, Бург, Ратиофарм Улм, Бурсаспор, Венеција.