Историја: Земјата која победила на Евровизија, никогаш не освоила и Европско првенство!

633

Евровизија е најголемиот музички натпревар во Европа, кој е мета на милиони луѓе низ целиот континент, а победниците честопати добиваат мега-популарност. Интересен е фактот што во годините на оджување на европските првенства, досега не се случило земјата која победила со своја песна на Евросонг, да биде истовремено и европски фудбалски шампион.

Годинава Италија со групата Манескин успеа да ја освои најпрестижната музичка награда на Стариот континент, а в недела ќе има уште еден голем предизвик, да ја „обедини“ титулата и со онаа од европскиот фудбалски шампионат.

Досега, ниту една земјата чиј претставник победил на Евросонг таа година, не успеала да стане европски фудбалски шампион. Останува да видиме дали Италија ќе ја прекине оваа традиција.

ПретходноЃоковиќ по седмипат ќе игра во финалето на Вимблдон
СледноУЕФА ја казни Унгарија со два меча на домашен терен пред празни трибини