Фудбалскиот клуб Охрид продолжува да работи на ростерот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Охриѓани задржаа двајца фудбалери кои минатата сезона беа многу важни за екипата.
Дресот и во иднина ќе го носат капитенот Ромео Кочоски, како и заменик-капитенот Александар Бакулески. Претходно, охриѓани ги договорија, Сашо Шопоски, Мурат Адили и Игор Клечкароски, а се обновија и договорите со Ајрадин Цуцули и Љупчо Трпески.