Македонската женска младинска репрезентација со триумф го отвори ЕХФ шампионатот У19. Избраничките на селекторот, Љубомир Савевски на стартот убедливо ја совлада БиХ со 39-28.
Предводникот на нашиот тим е задоволен од прикажаното, особено од одбрана.
„Не знаев што и колку можам да очекувам од мојот тим, затоа што немавме контроли и само трениравме последните 15-тина дена.
Можам да кажам дека сум задоволен, одбраната беше на потребното ниво и постигнавме многу лесни голови. Ова е во секој случај добар почеток за нас, добро го отвориме Шампионатот“, изјави Љубомир Савевски.
Македонија во второто коло ќе игра против Фарски Острови.