Екипата на Гостивар, одлучи довербата како шеф на стручниот штаб на Гостивар, да му ја додели на Бирол Топчиу.
Точиу и минатата сезона го водеше тимот, но го напушти од приватни причини, а сега се враќа повторно во екипата.
„Како клуб сме многу среќни што Топчиу повторно е меѓу нас, и што ќе работиме заедно. Ќе работиме напорно за да ги исполниме целите за новата сезона“, се вели во објавата на Гостивар.
Топчиу е првиот Албанец кој играше за македонската репрезентација.