Анталијаспор сака во своите редови да го ангажира шведскиот фудбалер со македонско потекло Ердал Ракип.
Ракип кој моментално игра во Малме, има и македонски и шведски пасош.
За него се појави информација дека наводно бил контактиран од Македонија за настап на ЕУРО 2020, меѓутоа не беше на списокот на фудбалери.
Ракип долго време е дел од Малме. Игра во средниот ред, и можеби во иднина ќе заигра за Македонија, со оглед дека има настапи само за младите селекции на Шведска.