Убедлив старт на македонската женска младинска репрезентација на ЕХФ шампионатот кој се одржува во Скопје. Нашите ракометарки до 19 години на првиот меч ја совладаа селекција на Босна и Херцеговина со 39-28 (17-12).
Сара Миновски со 10 гола од исто толку обиди беше прв стрелец, зад неа беше Ангела Јанкуловска со седум погодоци.
Предводникот на младинките, Љубомир Савевски убаво ја постави одбраната, а во нападот нашите девојки немаа никаков проблем. Изедначена игра имаше на почетокот, нашите ракометарки отворија со 5-2. Во последните десет минути пред одморот, Македонија со серија од 5-1 успеа да превземе целона контрола на резултатот, на одморот замина со позитива од 17-12.
Во продолжение доминацијата на „црвено-жолтите“ продолжи, Босна немаше решение за расположената Сара Миновска. Македонија во 40. минута поведе со двоцифрени 25-15, а потоа постојано ја зголемуваше позитивата. Победата е сосема заслужена, истата ќе биде голем мотив за следниот дуел, кој е закажан за два дена. Противник ќе биде селекцијата на Фарски Острови.