Академија Пандев со 2:0 го совлада тимот на Работнички во пријателски меч одигран денеска на теренот на „академците“.
Стрелци на головите беа Лукас и Илиев од пенал.
Двајцата тренери Васоски и Влахо им дадоа шанса речиси на сите играчи. Кај „Пандевци“ дебитираа и Бразилците кои пристигнаа пред неколку дена.
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 2:0 (1:0)
Стрелци: Каио Лукас 21’, Илиев (п) 67,
АК.ПАНДЕВ: Јовановски, Родиќ, Ивановски, Стојчевски, Терзиев, Мартинага, Божиновски, Димовски, Донов, Крстевски и Каио Лукас. Уште играа: Купанов, Јованов, Илиев, Сантос Каио, Пановски, Михаилов, Томовски, Ферати, Да Силва Матеус, Мирчевски, Шаркоски и Алчевски.
РАБОТНИЧКИ: Јанков, Кировски, Ристовски, Илиевски, Стојков, Тодоровски, Стојковски, Ристески, Максимов, Станковски и Тантуровски. Уште играа: Мустафов Османовски, Мисердовски, Лазаров, Ангелов, Трајановски, Вецески, Муарем, Хајдари.