Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Филип Фоден, го пропуштиl тренингот за националниот тим што се одржа денес и останува нејасно дали утре ќе може да го одигра мечот со Италија во финалето на Еуро 2020.
Според информациите, фудбалерот не учествувал на тимската сесија како мерка на претпазливост поради полесна повреда. Остатокот од тимот тренираше како и обично, а потоа сите, вклучително и Фоден, беа тестирани за Ковид-19.