Италијанскиот репрезентативец Леонардо Спинацола, кој ја повреди Ахиловата тетива во четвртфиналето на Европското првенство против Белгија, ќе ги бодри своите соиграчи утре во финалето на „Вембли“ против Англија.
„Чувствувам поголем притисок и емоции како кога се подготвував за натпревар со тимот. Ако победиме, ќе мора да скокам, да славам. Лекарот постојано ми зборува да внимавам, па се надевам дека ќе скокнам барем на една нога“, изјави за италијанските медиуми Спинацола, кој слета на аеродромот во Лондон со патерици.
Leo #Spinazzola sera avec nous demain pour nous encourager au stade ! 🙌🏽😍
Plus qu’un groupe, une famille ❤️🇮🇹#VivoAzzurro #ITA #EURO2020 #Euro2020Final #ITAENG pic.twitter.com/MnVQSUnOVs
— NAZIONALE FR 🇮🇹⚽️⭐️⭐️⭐️⭐️ (@NazionaleFR_) July 10, 2021