Играчот од средниот ред Карлос Алења ја напушти Барселона и премина во Хетафе. Фудбалерот кој потекнува од младинската школа на каталонскиот клуб со Хетафе потпиша договор до јуни 2025 година, меѓутоа Барса му постави неколку клаузули. Каталонскиот клуб ќе добие 50% од наредниот трансфер на фудбалерот, исто така има право било кога да го откупи назад и исто така има право да го блокира трансферот на Алења во друг клуб (се разбира доколку не му се допадне заинтересираниот клуб или понудената сума е мала).
Да кажеме дека Алења играше за Хетафе минатата сезона како позајмен. Инаку Шпанецот има 43 меча за Барселона и три гола.