Поранешниот македонски селектор, Данило Брестовац ќе биде нашиот претставник на престижниот Супер Глоуб турнир. Тој заедно со својот нов клуб Мудар од Саудиска Арабија ќе настапи на Светското клупско првенство кое ќе се одржи од 4. до 10. октомври во Џеда.
Мудар е домаќин на Супер Глоуб, каде засега се потврдени Барселона и Магдебург.
Брестовац ќе биде првиот македонски тренер кој водел еден тим на ова натпреварување.