Заврши женскиот дел од овогодинешното издание на ВИмблдон, а освојувач на престижниот трофеј е првата тенисерка во светот во моментов Австралијанката Ешли Барти.
Таа во финалето беше подобра од Каролина Плишкова од Чешка по сетови, 6:3, 6:7, 6:3.
Барти доминираше во првиот сет, а потоа вториот донесе многу поголема борба и изедначување. Сепак, Барти ја покажа својата сила во завршниот сет и заслужено го подигна пехарот.